МАКЕДОНИЈА

Во Центар Жупа гласал секој четврти, во уште седум општини излезеноста е под 40 отсто

злезеноста во Општина Центар Жупа на овие избори е само 25,6%. Со овој „резултат“, Центар Жупа е општината со најмала излезеност до 18:30 часот. Според податоците на Државната изборна комисија, од вкупно обработени 94,7% од избирачите, уште осум други општини имаат излезеност која не надминува 40%. Така, општини со најнизок одзив до 18:30 се:

  • Центар Жупа – 25,6 %
  • Маврово и Ростуша – 31 %
  • Шуто Оризари – 33,31 %
  • Пласница – 33,92 %
  • Врапчиште – 34,81 %
  • Липково – 35,7 %
  • Боговиње – 35,86 %
  • Желино – 36,66 %
  • Гостивар – 37,73 %

На другиот крај, општина со највисок одзивот до 18:30 е Лозово. Таму гласале 76,59% од граѓаните кои се на избирачкиот список. Со излезеност од над 70% се и:

  • Македонски Брод – 73,29
  • Вевчани – 73,24
  • Дојран – 73,15
  • Новаци – 72,71
  • Конче – 72,46
  • Карбинци – 71,46
  • Росоман – 71,39
  • Кривогаштани – 71,11
  • Демир Хисар – 70,89
  • Демир Капија – 70,57

Според последните податоци на Државната изборна комисија, излезеноста до 18:30 е 48,99 отсто, по обработени 94,7 проценти од избирачите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button