МАКЕДОНИЈА

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од Секторот за санитарна контрола од 45 мерни места во градот.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 25 до 29 јули се земени 201 примероци за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа на вода за пиење

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во денешното соопштение на „Водовод и канализација“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button