ЗДРАВСТВО
Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Прилепската болница по смртта на новороденчето старо десетина дена.
Според информациите детето починало од сепса на Клиниката за детски болести во Скопје, каде една недела претходно во тешка состојба било донесено од прилепската болница. Од Клиниката за детски болести во Скопје велат дека бебето кај нив било донесено со ирегуларно дишење, било згрижено на единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација по што починало.