ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вооружени лица нападнаа чувар и запалија неколку банкомати, блокирана и Македонско-косовска бригада во Чаир

Неколку вооружени лица рано утрово го нападнале чуварот во трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиле неколку банкомати. Полицијата го затвори за сообраќај делот од улицата Македонско-косовска бригада кај трговскиот центар па огромни колони возила има на околните сообраќајници и во овој дел од градот.

„Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на улица ‘М.К.Бригада’ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот (Ш.М.), а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Во трговскиот центар има банкомати од повеќе банки, поставени еден до друг на паркингот пред влезот на еден од поголемите дуќани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button