МАКЕДОНИЈА

Возило удри во ѕид пред бензинска пумпа до магистралата А3 кај Делчево

Возило Алфа-Ромео удри во ѕид пред бензинска пумпа на Макпетрол на магистралата А3 на влезот во Делчево.

Advertisements

Увид на местото на несреќата врши екипа од сообраќајната полиција во Делчево. Оттаму информираат дека возилото удрило во дел од ѕид пред бензинската, а притоа зафатило и лимен банер кој стоел во близина на местото.

Од полицијата додадоа дека настанот се случил околу 18:15 часот, а дополнителни информации за причината за несреќата најавија во текот на вечерта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button