ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Драги Рашковски се спаси од Шутка и доби само домашен притвор бидејќи бил неимотен

Куќен притвор за Драги Рашковски, екс генералниот секретар на Владата и близок соработник на премиерот Зоран Заев. Иако обвинителството за организиран криминал и корупција побара поранешниот генсек на Владата да оди зад решетки, Кривичниот суд одлучи спротивно. Куќен притвор доби и сопственикот на фирмата „Инвока“, компанија од која Владата го купи софтверот за безбедност во сообраќајот. Судот смета дека обвинителството не докажало дека Рашковски ќе влијае на сведоците, но и немало докази дека е имотен. Обвинителството пак најави жалба.

„Обвинителството даде навистина доволно докази да ги докаже околностите поради кои бараше да се даде мерка притвор, а не куќен притвор, доколку што повеќе со мерката на куќен притвор сметаме дека и натаму постои опасност од влијание на сведоци и врз материјалните докази што треба допрва да бидат прибавувани“, рече Ивана Трајчева, обвинител.

Обвинителството го сомничи Рашковски за злоупотреба на службената положба. Со набавката на софтвер за безбедност во сообраќајот додека Рашковски беше генерален секретар на владата, според обвинителството е направена штета од околу 180 илјади евра, а автор на софтверот бил Рашковски.

„Законот за јавни набавки предвидува дека вие не смеете да ги договарате условите односно тендерската документација со учесниците во постапката, нешто кое е направено во случајов. Не можете да контактирате со нив. Има начини на електронско комуницирање“, изјави Ивана Трајчева, обвинител.

За набавката на софтверот, осомничени се вкупно четири лица. Обвинителството открило дека Рашковски прво набавил работи потребни за неговиот патент, а дури потоа од Инвока го купил софтверот за безбедност во сообраќајот и дал набавки како да се изработи техничката спецификација за да биде купен патентот на кој Рашковски ставил потпис дека е негов изум. Рашковски освен со софтверот, во јавноста стана актуелен откако Алсат откри дека неговите малолетни деца ќе градат хациенда од 800 метри кавдартани во Побожје.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button