ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вознемирувачки податоци за насилството врз жените вклучени во политиката

Жените кои се ангажирани во политиката се жртви на психолошко насилство, сексистички коментари на социјалните мрежи, говор на омраза, родови стереотипи. Резултатите од студијата спроведена во 2020 година, од Националниот демократски институт и Охридскиот институт, покажуваат дека 6 од 10 жени во политиката, или 65% од испитаниците, доживеале некаква форма на насилство. Иако биле ангажирани во политика, 62% изјавиле дека немаат доверба во институциите, затоа не го пријавиле насилството.

„Актите на насилство врз жените во политиката имаат за цел да го ограничат и обесхрабрат нивното учество во креирањето политики. Најчестите акти на насилство во Северна Македонија се во форма на говор на омраза, навреди и сексуални закани. 65% од жените политичари изјавиле дека доживеале некакво насилство, а 5 од 10 жени изјавиле дека ова насилство го вршат членови на партијата на која и припаѓаат. Само 26% од нив изјавија дека партиите на кои им припаѓаат имаат механизми за подобрување на однесувањето на членовите“.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, рече дека жените во политиката треба да бидат вреднувани според законите што ги предлагаат, а не според изгледот.

Податоците се објавени во рамките на кампањата за подигнување на свеста за спречување на насилство врз жени кои се занимаваат со политика, под мотото заокружи “НЕ“. Студиите покажуваат дека пред изборниот процес, насилството врз жени политичари во нашата земја се зголемува дури за  47%.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button