ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„ВРЕДИ“: ДУИ за претседател ќе го предложи Бујар Османи

Од коалицијата „Вреди“ велат дека ДУИ најверојатно ќе го предложи Бујар Османи за претседател, но според албанската опозиција Османи не може да биде кандидат на Албанците. Од оваа коалиција го обвинуваат Османи дека министерската функција ја завршува без ниту една посета на Косово и без осуда на терористичкиот напад во Бањска. Албанската опозиција се сомнева и дека Османи бил замешан во корупција.

„Како да не беше доволен рамнодушниот пристап кон Косово и албанските интереси во регионот, тој како министер познат по коруптивни афери од порано навлезе во корупција дури и кога беше министер за надворешни работи. Токму настанот за организација на самитот на ОБСЕ во Скопје ја обелодени неговата коруптивна тенденција, за што и самиот призна и се извини, а не помалку сомнителни беа и тендерите направени со компанијата „Евровиа“, како и оние за автомобилите кои беа користени за самитот на ОБСЕ. Но, овие и други податоци што ќе ги објавиме наредните денови се доволен доказ за да се разбере дека секој од ДУИ би можел да биде прифатлив како Албанец, но Бујар Османи не може да биде кандидат на Албанците во Северна Македонија“, рече Амир Елези, „ВРЕДИ“.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button