ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд – вакво време, според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), не очекува во текот на денот. Ќе дува умерен, а на некои места засилен ветер од југозападен правец. Во попладневните часови, во западните делови од земјата, се очекува врнежите да бидат пообилни. Утринската температура ќе биде од 5 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 17 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Наутро температурата ќе биде 12 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 23 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button