РАКОМЕТСПОРТ

Алкалоид освои историски бод кај Ла Риоха во Шпанија

Македонскиот вицешампион Алкалоид освои историски бод на незгодното гостување кај шпанскиот гигант Ла Риоха (29-29) во второто коло од групната фаза од Европската лига, иако на моменти имаше предност и беше блиску до победа во Шпанија.

Ла Риоха поведе и со четири гола во вториот дел (20-16), меѓутоа Алкалоид влезе во одлична серија и со 5-0 го сврте резултатот во своја корист (21-20). Предноста од еден гол ја одржуваа избраниците на Кире Лазаров неколку минути, по што домаќините додадоа гас и повторно избегаа на три разлика (28-25). Алкалоид се разбуди во завршницата од натпреварот и по вистинска драма успеа да освои бод, откако во последната минута од натпреварот погоди за конечни 29-29.

Арно Бинго постигна седум, а Џонов запиша шест голови за Алкалоид, додека во редовите на Ла Риоха најефикасен беше Пресиадо Рамос со седум погодоци. Во групата Ф прва е Војводина со четири бодови, по што следи Бјерингбро/Силкеборг со два, а по еден имаат Алкалоид и Ла Риоха.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button