ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Променливо облачно, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во јужните делови со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМП).

„Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени“, додаваат од УХМР.

Во Скопје, пак, ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 24 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button