РАКОМЕТСПОРТ

Еурофарм Пелистер го запишаа шестиот пораз во Лигата на Шампионите

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го запишаа шестиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва бодовите од Битола ги однесе европскиот вицепрвак Кјелце.

Екипата од Полска победи 24:21( 14:8). Лошо прво полувреме одиграа играчите на македонскиот шампион, на крајот тоа беше клучно са победата на Кјлеце, кој во Битола допатува со само 12 ракометари.

Во вториот дел Пелистер одигра добро, особено во првите 15 минути кога дојдоа на само гол негатива (15:16). Сепак на крајот искуството и квалитетот на Кјелце пресуди за конечниот исход

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button