ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и топло, попладне на некои места дождливо

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд, информираат од УХМР.

Минмалните температури ќе се движат во интервал од 0 до 7 Целзиусови степени, а максималните од 11 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе се движи од 4 до 19 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button