ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и ветровито

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во северозападните планински подрачја ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата наутро ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а попладне од 22 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде 18, а во текот на денот до 30 Целзиусови степени.

Утре, како што информираат од УХМР, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје, утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата утре ќе биде од 22 до 33 Целзиусови степени.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button