ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Второ одложување на судењето за изгорената модуларна болница

Второ одложување на судењето за изгорената модуларна болница

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово денеска беше откажано вторпат по ред. За разлика од пред еден месец кога откажувањето беше предизвикано од отсуството на двајцата обвинети Бобан Вучковски и Артан Етеми, денеска рочиштето не се одржа бидејќи истите лица не ги ангажирале своите адвокати и не го известиле судијата. Судењето ќе продолжи на 8 ноември. Вучковски и Етеми по излегувањето од судот не сакаа да коментираат, а третообвинетиот, поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими, го повтори ставот дека не се чувствува виновен.

„Ве молам да го следите овој судски процес бидејќи верувам дека со фактите што ќе бидат изнесени ќе ја докажам мојата невиност за овој трагичен настан. За тоа има неспорни докази кои ќе ги откриеме во текот на судскиот процес. Се надевам дека овој судски процес ќе почне и ќе заврши брзо“, рече Флорин Бесими, поранешен директор на тетовската болница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button