ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Казнета претседателката на Судскиот совет

Казнета претседателката на Судскиот совет

Претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска не го пријавила навреме имотот во Комисијата за борба против корупцијата и за ова ќе плати глоба од 150 евра. При собирањето на документите за имотот на првиот човек на судскиот совет, констатирани се и низа недоследности во податоците, а за ова Антикорупциска ќе го извести обвинителството.

„Во колегиумот спроведена е постапка за издавање на констатираниот прекршок и издавање мандатен налог за плаќање глоба за недоставување на анкетниот лист навреме, а оваа постапка ќе продолжи. Има недоследности во податоците истакнати во анкетниот лист, има фирми кои се во сопственост на блиски лица, брачниот другар, а сомнежите што ги констатиравме во однос на приватни и правни лица веќе не се наша надлежност. Ние го пронајдовме тоа додека прибиравме информации. За она што го констатиравме при нашата истрага и прибирањето информации ќе го известиме Јавното обвинителство“, рече Нури Бајрами, член на антикорупциска комисија.

Работата на судството беше цел на критики на Европската комисија во последниот извештај. Првиот човек на Антикорупциска, Билјана Ивановска вели дека одолговлекувањето на предметите во судот ја кочи борбата против корупцијата.

Во последниот извештај на Европската комисија се нагласува дека Антикорупциска имала ефективна работа во покренувањето и истражувањето на случаите во кои имало сомневања за корупција./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button