ВЕСТИРЕГИОН

Вучиќ: Британскиот вид на коронавирусот пристигна во Србија

Нов вид на коронавирусот пристигна во Србија, изјави денеска претседателот Александар Вучиќ, додавајќи дека тој бил откриен кај српски државјанин кој пристигнал од Лондон во Белград, пренесува агенцијата Танјуг.

Вучиќ рече дека новиот вид на вирус го плаши поради големиот број заболени од тој вид во Велика Британија, но додал дека засега нема простор за паника, бидејќи сите контакти со кои бил патникот од Лондон се изолирани.

Вучиќ додал дека сега е најважно е да се продолжи со вакцинирањето, бидејќи, како што додал, вакцините се ефикасни и против новиот вид на коронавирус.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button