ВЕСТИРЕГИОН

Вучиќ пред состанокот со Лајчак: Ќе зборуваме за тоа што можеме да направиме, а не за што можеме да сонуваме

Денеска и утре ќе бидам со Лајчак и ќе се обидам да зборуваме за тоа што можеме да направиме, а не за што можеме да сонуваме. Ако некој не е спремен ни да зборува, а камоли да го спроведе ЗСО, не знам што е поентата. Но, еве, да не зборувам ништо повеќе од тоа – изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ пред средбата со Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина.

Тој најави дека ќе ѝ се обрати на јавноста во среда или четврток, пред неговото патување во Охрид, кога ќе каже како гледа на ситуацијата, што мисли за се и што ќе прави Србија во наредниот период.

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак денеска ја започнува посетата на Белград, како дел од подготовките за претстојната средба меѓу српскиот и косовскиот лидер во Охрид, Александар Вучиќ и Албин Курти.

Лајчак денеска во 14:30 часот ќе се сретне со Вучиќ, по минатонеделниот дводневен престој во Приштина, каде разговараше со Курти и други политички актери.

Во фокусот на разговорите ќе биде патоказот за имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, за кој Вучиќ и Курти, според шефот на европската дипломатија Жозеп Борел се согласиле на 27 февруари во Брисел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button