ВЕСТИСВЕТ

Си Ѓинпинг планира следната недела да отпатува во Русија на средба со Путин

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг планира следната недела да отпатува за Русија за да се сретне со својот колега Владимир Путин. Посетата на Ѓинпинг на Русија доаѓа побрзо од очекуваното, пренесува Ројтерс.

Плановите за посета доаѓаат кога Кина се нуди да посредува за мир во Украина, напор што на Запад беше дочекан со скептицизам со оглед на дипломатската поддршка на Кина за Русија.

Пекинг најави дека сака да игра поактивна улога во завршувањето на конфликтот во Украина, а соработниците на претседателот велат дека Си Ѓинпинг има намера да се заложи за мултилатерални мировни преговори на средбата со својот руски колега Владимир Путин.

Руската новинска агенција Тасс на 30 јануари објави дека Путин го поканил Си да го посети напролет. „Волстрит журнал“ минатиот месец објави дека посетата на Москва би можела да се случи во април или почетокот на мај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button