МАКЕДОНИЈА

За 2 години би можело да воведеме електронски лични карти, оценуваат странски експерти

Естонскиот експерт во областа на дигитален идентитет, Раул Каидро, оценува дека земјава за околу две години би можела да ги има првите електронски картички за лична идентификација. Како што вели тој, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, земјава не е далеку од остварување на таквата замисла.

„Да речеме дека тендерската постапка за потенцијален изработувач би траела околу половина година, додека целиот процес мислам дека би завршил за околу две години. Да речеме дека до крајот на 2024-та би можело да имате потполно функционални електронски лични карти в рака. Не мислам дека ќе бидат веднаш дистрибуирани до целата нација, но системот би бил функционален“, вели Каидро.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button