ЗДРАВСТВО

За 5 години иселени над 300 лекари Албанци од Македонија

Повеќе од 300 лекари Албанци од Македонија заминале на работа во странските болници во последните пет години. Само оваа година тој број е повеќе од 50, велат од Здружението на лекари Албанци. Неговиот претседател за Алсат вели дека не само млади лекари, туку си заминуваат и лекари во години и друг медицински персонал како медицински сестри, физиотерапевти и акушери.

Advertisements

„Има повеќе фактори за ваквата состојба. Една од причините поради кои заминуваат младите лекари од државата се слабите услови. Слабо одат на специјализација, не се пријавуваат на конкурси. Исто така овде се и долгите специјализации, кои траат вкупно 6 години…“, вели Невзат Елези- претседател на здружение на лекари Албанци.

На ниво на држава најмногу недостасуваат педијатри, гинеколози и психијатри. Во многу болници како што се Тетово, Куманово, Струга и Кичево има кусок на специјалисти во разни области.

„Имавме ние брзо конкурс за специјализации на Тетовскиот универзитет. Четири специјализации имаше за Охрид, три за Струга и Дебар имаше за педијатри, но никој не се пријави“, додава Елези.

Од Лекарската комора немаат точна евиденција колку млади лекари заминуваат од Македонија годишно.

„Луѓето кои немаат лиценца, кои не го положиле државниот испит сметајки дека ќе го положат во земјата каде би отишле да работат, не се во нашиот регистар и не може за нив да кажеме дека ги има или нема…“, рече Калина Гривчева-претседател на лекарска комора на Македонија.

Годинава сепак, има помал број лекари кои побарале потврда од Комората поради иселување. А, освен во потрага по повисоки плати и подобри услови, многу лекари одлучуваат да си заминат и поради нешто друго.

„Една од причините за заминувањето на лекари од Македонија е нерешениот статус, но и преголемата администација што ја имаат…“, вели Беким Исмаили-лекар по семејна медицина.

Струга деновиве е домаќин на меѓународен симпозиум на 450 лекари од Македонија, Косово, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Јужна Србија во организација на нашето Здружение на лекари Албанци.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button