За една година на работното место загинале 22 лица

Минатата година на работното место загинале 22 лица, а во работно време со тешки телесни повреди се здобиле уште 147 работници. Според Здружението за заштита при работа, тројца од 100.000 вработени во С Македонија го губат животот на работното место. Земјоделството останува најопасно и најсмртоносно поле за работниците.
На Светскиот ден на здравјето и безбедноста на работното место, граѓанскиот сектор нагласува дека државата досега нема анализирано ниту една несреќа што се случила на работното место за да не се повтори. Меѓународната конфедерација на синдикати соопшти дека безбедноста при работа е основно право на секој работник.
Во чест на работниците кои лани загинале на своето работно место, денеска во паркот во Аеродром беа засадени 22 садници. Годишно над 3 милиони работници ширум светот умираат на своето работно место, а повеќе од 10 милиони умираат од болести што им ги предизвикала професијата.
Вјолца Алити