За евентуален старт на уставните измени се чека утрешната средба Ковачевски – Мицкоски

Владата на денешната седница не ја разгледа предлог-иницијативата на Министерството за правда за уставните измени. Идејата на власта е подобро да се разјаснат работите по средбата на лидерите в среда. Министерството за правда предлогот заедно со извештајот на работната група вчера го достави до Владата, но неофицијално се дознава дека во петок кога Владата ќе ја одржи следната седница, Собранието ќе добие зелено светло за почеток на постапката. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека доколку иницијативата пропадне, ќе има последици.
Предложените измени се однесуваат на Преамбулата каде по бошњачкиот народ се додаваат зборовите „бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египетскиот народ“. Истите зборови се додаваат и во членот 49 каде уставните одредби се однесуваат на дијаспората. Предлогот премиерот Димитар Ковачевски утре ќе му го претстави на Мицкоски на средба во четири очи.
Двајцата одат на средбата со цврсти позиции: Ковачевски со убедување дека треба да има уставни измени и тие треба да бидат поддржани од опозицијата, додека Мицкоски оди со идеја да се разговара за тоа што ќе се случува по неуспехот на иницијативата за уставни промени, уверувајќи дека неговите пратеници дека нема да ја поддржат. Во случај следната недела сепак да почне процедурата за уставни измени, во септември се очекува да се отвори потребата од тоа.
Адриан Керими