ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

За пет часа во Куманово казнети седум возачи кои не пропуштале пешаци на пешачки премин

Кумановската полиција за пет часа во текот на вчерашниот ден од 15.00 до 20.00 часот санкционираше седум возачи кои не пропуштале пешаци на пешачки премин, соопшти денеска СВР Куманово.

Акциската контрола, за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците на пешачки премин, полициските службеници ја спровеле на подрачјето на СВР Куманово.

– При контролата констатирани се седум прекршоци и на возачите им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидени глоби, соопштија од СВР Куманово.

Од кумановската полиција апелираа до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но и до пешаците кои ги повикаа да ги почитуваат правилата и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, бидејќи, нагласија, непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button