ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Суво дрво да беше немаше да изгори за само 3 минути, вели координаторот на ковид центарот во Тетово

Сѐ се случи за време од 3-5 минути, рече денеска во изјава за медиумите координаторот на Ковид центарот во Тетово, Газим Нуредини. Како што кажа тој, за тоа време присутните успеале да спасат 12 животи.

„Тоа сѐ траеше 3-5 минути. Медицинските екипи, вработените и лица коишто беа надвор, роднини коишто сакаат да комуницираат со нас…сите тие помагаа и замислете сѐ се случи за 3 минути. За тоа време се спасија само овие 12 пациенти. Другите не се успеа бидејќи пламенот за 3 минути го опфати целиот простор“, рече Нуредини додавајќи дека уште вечерта бил повикан јавен обвинител бидејќи на сите им било чудно што за толку кратко време од објектот останало само железо.

„Мене ми е чудно…и суво дрво да беше немаше да изгори за толку кратко време, но да видиме што ќе кажат експертите“, додава Нуредини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button