ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изградбата на училиште во Идризово, само ветување во секоја изборна кампања

Речиси во секоја предизборна кампања, локалните власти на Гази Баба во Скопје го ставаат на листата на приоритети решавањето на проблемот со учењето на албански јазик за децата од Идризово, од шесто до деветто одделение. Локалните власти за Алсат велат дека проектот за новото основно училиште во Идризово е завршен и е доставен како плански документ до Министерството за образование и наука. Според нив, за секој проект и капитална инвестиција, потребен е подолг временски период, додека градежните работи за училиштето во Идризово се очекува да започнат во 2022 година. Дури и премиерот Зоран Заев минатата година вети решение за овој проблем.

 

Жителите на Идризово оценуваат дека изградбата на новото училиште во Идризово се користи само за политички поени.

„Дефинитивно треба да се изгради училиште во селото Идризово. Да се испратат во населбата Колонија е многу далеку. Кога не можам да ги испратам, сами одат, во зима е многу студено, како да ги пратам. Ни влеат ќе биде, а лажат“.

Родители и ученици од село Идризово повеќе од една деценија бараат настава на албански јазик, од шесто до деветто одделение, во основното училиште „Његош“ во Јурумлери. Во 2019 година, општина Гази Баба го одби барањето за отворање албански паралелки во ова училиште. Потоа донесе одлука да изгради ново училиште во Идризово каде што ќе учат сите деца од селото. Но, одлуката за ново училиште остана само на хартија.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button