ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: На утрешната седница ќе го потврдам разрешувањето на Пауновски

Инаетење со претпставените и неспроведување на законот за административците од К-5 програмата се причините поради кои премиерот Зоран Заев ќе го  разреши Стојко Пауновски од директорската позиција во Државниот пазарен инспекторат. Заев сепак утре изутрина ќе ги прими на средба вработените во инспекторатот кои ќе го убедуваат да не го разрешува Пауновски, а потоа на владина седница ќе падне конечната одлука.

„Секогаш постои отворена можност затоа и сум закажал состанок и со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, да ги слушнам и нивните аргументи. Чуму тогаш би закажал состанок, ако сум убеден во ставот којшто го соопштив во јавноста“

Сепак, за како што вели Заев инаетењето од страна на Пауновски, во Владата постои етички кодекс за однесувањето на фунцкионерите. Дали се почитува тој Кодекс треба да следи вицепремиерот Љупчо Николовски, кој е должен да го извести Стојко Пауновски дека го прекршил етичкиот кодекс. Пауновски, за Алсат вчера рече дека не бил известен. Во случајот со Пауновски, не раегираше Николовски, туку барањето стигна од премиерот Заев, иако според Кодексот, вицепремиерот е тој кој треба да го извести премиерот.

„Јас сакам да ве уверам согласно одлуката која ќе ја донесам лично јас, а секако и Владата ќе  постапи согласно правните прописи во државата. И нема да си дозволиме, секако, ништо поинаку, освен постапување по правните происи“.

За иронијата да биде поголема, Пауновски може да добие казна од 2 000 евра, според законот за вработување на рамковните административци. Истиот закон не предвидува опција директорот на институцијата да биде разрешен. На Пауновски му е најавено разрешување откако јавно негодуваше дека нема да ги прими на работа 35 рамковни административци, кои му биле распределни од Министерството за политички систем.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button