ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Нема спорни моменти во унапредувањата на обвинителите

Обвинителите кои не беа унапредени во Вишото и во Обвинителството за организиран криминал да не се разочаруваат, порача министерот за правда Бојан Маричиќ. Според него сѐ било транспарентно и било јавен процес.

„Инаку, по прв пат по новиот Закон за обвинителство беше одлучувано за избор на јавни обвинители во една јавна постапка во еден јавен процес директно пренесуван преку камерите до јавноста, каде што секој од членовите на Советот за јавни обвинители се изјаснуваше и обраложуваше зошто и како гласа за секој поединец. Тоа е новитет во нашиот систем и ја достигнува врвната транспарентност и отчетност на Советот на обвинители“, рече Маричиќ.

Но, ниту еден член на Советот на јавни обвинители не образложи, зошто гласа за или против како што тврди министерот за правда. Се гласаше само со „за“ или „против“ без објаснување зошто еден обвинител со највисока оценка е избран, а друг со исти бодови не е избран. Откако новинарите му укажаа на министерот дека е во грешка и дека немало дебата зошто некој не е избран, Маричиќ ретерираше.

„Сигурен сум дека секој нареден пат и на секоја наредна седница на Советот на обвинители, ќе бидат и подобри и погласни и повеќе ќе аргументираат“, додава Маричиќ.

Маричиќ објаснува дека немора по секоја цена квалитетните обвинители од основните обвинителства да бидат избрани во повисоките обвинителства, бидејќи тежиштето на случаите како клучните истраги се во основните обвинителства. Од изборот имаше и незадоволни обвинители, како на пример поранешната специјална обвинителка Ленче Ристовска која не беше избрана за виш обвинител. Инаку, Алсат еден ден пред изборот на обвинители го објави конечниот список, со индции дека изборот на обвинители е координиран процес помеѓу СДСМ и ДУИ, а токму партиите ги избрале имињата на обвинителите кои треба да бидат унапредени.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button