ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Ние ги поддржуваме бугарските здруженија, но колку пати бугарските политичари поддржале настан на помалку бројни заедници во Бугарија?

Премиерот Зоран Заев денеска се воздржа од реплика кон бугарскиот претседател Румен Радев. Запрашан за коментар по вчерашната изјава на Радев, дека во државава имало системско нарушување на правата на граѓани со бугарско потекло, Заев рече:

„Нема да си дозволам преку медиуми да реплицирам на одредени ставови на претседателот Радев или на високи претставници на Бугарија. Зоран Заев се појавил на манифестации на бугарските здруженија многу повеќе во последните години отколку на македонски, албански или турски во државата. Подигнавме споменик на полковник Гарванлиев. Сме покажале респект оти се работи за наш сосед но и за граѓани со определба Бугари во нашата земја. Дај да видам колку пати нивните политичари во Бугарија се појавиле на одредени манифестации на помалку бројни заедници во Бугарија“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button