МАКЕДОНИЈА

Заев очекува прагот за поднесување на советнички листи да се спушти на еден отсто или воопшто и ќе го нема

Прагот за поднесување на советнички листи за претстојните Локални избори најверојатно ќе се спушти на еден отсто или воопшто нема да постои, најави денеска премиерот Зоран Заев. Тој ги охрабрува пратениците, кои од 15 август се враќаат во Собранието да ја донесат најдобрата одлука.

-Треба да го прифатат тоа што го велат граѓаните, а тоа е дека е превисок прагот. Најверојатно ќе го симнат на еден отсто или воопшто ќе го нема. Јас ги охрабрувам, како проценуваат, како е најдобро, како препорачува ОБСЕ. ОБСЕ препорача комплетно унифицирање на прагот, не играат со бројката или процентот на праг. Но, гласноста на помалите, помалку бројните е важна и треба да ја слушнеме и ја охрабрив парламентарната група на парламентарното мнозинство да конвертира кон прифаќање на послабите, помалите, за да може рамноправно учествуваат во изборите, изјави Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button