ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев подготвен „20%“ од Уставот да се смени со „Албанци“ и „албански јазик“

Премиерот Зоран Заев не се сомнева дека сите политички актери ќе ги прифатат резултатите од пописот, бидејќи се регистрираат сите граѓани. Тој вели дека е подготвен да ја смени дефиницијата за албанскиот јазик во Уставот како јазик што го зборуваат 20% од населението.

Претходно, премиерот не ја негираше можноста за вклучување во Уставот на Бугарите како етничка група што живее на територијата на земјата, како што бара Бугарија. Но, не наведе кога и како би се направило тоа.

Пописот заврши на крајот на септември, но неговите резултати треба да се преточат во конкретна статистика во текот на следните шест месеци. Според податоците од Државниот завод за статистика, тоа би можело да се заврши и побрзо и тоа неколку дена пред или по Нова година.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button