ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев ставот за Пауновски ќе го каже на владината седница

Премиерот Заев одлуката дали ќе предложи разрешување на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, ќе ја донесе откако ќе ги разгледа материјалите доставени од тројцата инспектори со кои изутринава оствари средба во Владата. На новинарско прашање, каков ќе биде неговиот став на денешната владина седница по прашањето за Пауновски, Заев рече дека ставот ќе го каже на самата владина седница.

„Сакам да ги прочитам во детали материјалите коишто инспекторите ми ги оставија. Тие усно ги образложија, јас ги разбирам што кажаа, но оставија значајни материјали коишто сакам да ги прочитам. Вредно е затоа што тоа ќе влијае на моето оформување на ставот“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button