ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за државјанство стигна во Парламентот, албанската опозиција бара да се гласа

Предлог-законот за државјанство повторно стигна во Собранието. Коалицијата Алијанса-Алтернатива бара од Талат Џафери да го стави на дневен ред на првата следна седница. Албанската опозиција настојува законот да биде донесен пред Собранието да замине на годишен одмор на почетокот на август.

„Законот стигна до Собранието и се очекува да биде ставен на дневниот ред на некоја од следните седници. Тоа е една од нашите главни цели и намери законот да биде усвоен пред годишниот одмор“, рече Илире Даути- пратеничка на АА.

Но, партијата Левица најавува тужби против предлагачите на законот, премиерот, но и претседателот Пендаровски, ако го декретира по усвојувањето. Во исто време, од Левица најавуваат дека ќе го парализираат Собранието со илјадници амандмани.

ВМРО-ДПМНЕ и некои од другите партии информираа дека не се запознаени со содржината на законот, но искоментираа дека ставањето на европското знаме за овој закон е злоупотреба на парламентарните процедури.

Поради европската sвезда постапката за донесување на измените во предлог-законот за државјанство ќе се одвива со ограничена дебата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button