ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Замена на патните исправи – Сѐ уште се чека на разговор со грчката претседателка

Пасошите се потребни за патување надвор од државата, па треба да се постигне некаков договор со Грција, рече премиерот Димитар Ковачевски запрашан дали власта води некакви разговори за евентуално пролонгирање на рокот за замена на патните исправи. Ковачевски наведе дека тој нема ништо против претставката од ВМРО-ДПМНЕ до Уставниот суд, со која опозициската партија бара оценување на уставноста на изменетите закони за пасоши и за возачки дозвoли.

„Со грчките власти немам разговарано. Претседателот на државата презеде обврска да се чуе со претседателката на Грција. Имаме разговори коишто се водат со ресорните министри. Ја видов и иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ до Уставен суд. Јас не ја отфрлам таа иницијатива. Тоа е одлука на Уставниот суд“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button