ВЕСТИЗДРАВСТВО

Зголемен бројот на заболени од грип

Во текот на првата недела од 2024 година, од 1 до 7 јануари, во земјава се пријавени 1.025 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип. Тоа е 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со прва недела од минатата сезона, е зголемен за 24,8 проценти, а во споредба со бројот за прва недела од типичната епидемиска крива – моделирана од последните 13 сезони, зголемен е за 68,8 отсто, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Во текот на првата извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ на РСМ, пристигнаа 37 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и Ковид-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектиран е 21 позитивен случај на Influenza, 19 А(H1)pdm09 и по еден Influenza А(H3) и Influenza А – несубтипизиран. Регистриран е и по еден пациент со респираторен синцицијален вирус (RSV) и SARS-CoV-2. Пријавената инциденца за првпат оваа сезона е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно достигнат е прагот на влез во сезоната на грип, наведуваат од ИЈЗ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button