ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Замрзнувањето на цените не беше вистинската мерка, оценуваат од Агробизнис комората

Одлуките за замрзнување на цените не беа соодветни, не го дадоа очекуваниот ефект и освен тоа беа привремено решение, оценуваат граѓаните. Тие велат дека треба да има и други решенија, како што е финансиската помош за семејствата со ниски приходи, како и подобрувањето на животниот стандард воопшто.

Од Агробизнис комората велат дека имало подобар начин за решавање на проблемите, а замрзнувањето на цените не било вистинската мерка. Горан Георгиевски рече дека наместо заштедата од 1500 до 2000 денари месечно, како резултат на замрзнувањето на цените, Владата треба да им помогне на семејствата со ниски примања со помош од 6.000 до 10.000 денари.

Од 1 јуни беше укината одлуката на Владата за замрзнување на цените што беа во сила во текот на последните два месеци. Со овие одлуки Владата го стопираше зголемувањето на цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за готвење, јајца, ориз, тесто, млеко и млечни производи.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button