ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Започна постапката за трансфер на дел од затворениците за случајот „Дива Населба“

Започнува постапката за да се реализира +барањето за трансфер на дел од затворениците за случајот „Дива Населба“ во Косово. Министерството за правда соопштува дека во процесот се вклучени повеќе институции, а по завршувањето на постапката во Северна Македонија, за понатамошната постапка ќе бидат известени институциите во Косово. Скопје ќе го почитува билатералниот договор за трансфер на осудени лица, усвоен во 2012 година.

“Ќе се примени барањата за трансфер и ќе се постапува согласно Билатералниот договор за трансфер на осудени лица и Законот за меѓународна соработка во кривичната материја. Станува збор за сложена процедура во која учествуваат повеќе институции и мора да се исполнат одредени услови. Бидејќи постапката ја водат домашни институции, матичната држава на осудените лица ќе биде известена дури по завршување на постапката и потоа постапката започнува во другата држава“, велат од Министерство за правда.

До петок ќе има нови барања за трансфер. Адвокатот Насер Рауфи има поднесено 6 барања, Артене Адеми исто така 6 барања, 5 за Косово и едно за Албанија, а Мефаил Арслани едно барање. Осудениците Хајруш Авдија, Шефќет Халаќи и Валдет Зекај не сакаат трансфер на Косово. Зекај е осуден на доживотен затвор.

Услов за трансфер на осудени лица, според билатералните договори потпишани меѓу владите на трите држави, меѓународните конвенции и Европската конвенција за трансфер на осудени лица потпишана во Стразбур во 1997 година е признавање на обвинението и судската одлука. За настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово, Кривичниот суд во 2017 година осуди 37 лица на 746 години затвор, од кои 7 на доживотен затвор. Од осудените, 16 се државјани на Косово, еден државјанин на Албанија, еден германски државјанин и другите државјани на Северна Македонија.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button