ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Започна вакцинацијата со третата доза против корона вирусот

Некои од постарите лица над 60 години денес наутро фатија ред пред пунктовите за вакцинација за да ја примаат трета доза на вакцината против Ковид. Бидејќи од денеска почна да се аплицира третата доза на вакцина, на пунктовите каде што имаше „Фајзер“ неколку лица добија трета доза по 6 месеци од примената втора доза. Лекарите во центарот Борис Трајковски информираа дека во текот на денот десетици граѓани добиле трета доза и никој немал несакани ефекти. Дежурниот лекар рече дека денеска трета доза добија граѓаните кои претходно биле вакцинирани во странство. Но, предност за трета доза имаат и медицински лица доколку сакаат да се вакцинираат.

Advertisements

Според Министерството за здравство, постапката е едноставна, со доказ дека сте примиле две дози и доколку ги исполнувате условите од временскиот рок и листата на приоритети, веднаш ја добивате третата вакцина.

„Министерството за здравство информира дека од денеска започна вакцинацијата со трета доза, за здравствениот персонал, за постарите лица над 60 години и за лицата со ослабен здравствен имунитет. По поминување на 6 месеци, трета доза може да се прими на сите места за вакцинација без закажување термин дури и за граѓани кои се вакцинирани во странство“, наведоа од Министерството за здравство.

Во САД, третата доза сега се дава за сите категории граѓани, а Европската агенција за лекови сe уште не ја потврдила официјалната потреба за добивање нова доза за граѓаните на ЕУ. Нашата земја ја донесе оваа одлука по препорака на СЗО, која даде зелено светло на Комитетот за имунизација. Третата доза во моментов не треба да се евидентира во сертификатот за патување, како што беа првите две.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button