ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Започна вакцинирањето во регионалниот пункт во Тетово

Од денеска тука во Тетово во регионалниот пункт на масовна вакцинација, започна првин вакцинацијата на старите лица, а потоа и на други возрасни групи. Денеска околу 1.500 лица треба да се вакцинираат, додека вкупно над 11.000 лица поднеле барање за вакцинација со кинеската вакцина Синофарм. Досега сè е во ред. Вакцинираните се чувствуваат добро.

„Добро сум. Поминав добро. Немав болки, не многу. Мораме да ја примиме, еве јас ја примив. Ме прашаа дали ме боли, му реков дека сум добар.“

„Ја примив вакцината, немав никаков проблем, добро сум. Секој треба да ја прими, па дојдов и јас.“

 За Тетово се дистрибуирани 4.200 вакцини. Залихи ќе има за целата претстојна недела, вели главната сестра.

„За денеска се планира да се вакцинираат околу 1.500 пациенти, а втората доза треба да се прими по 21 или 28 дена. Денеска се продолжува со сите возрасни групи кои се пријавени на линкот за вакцинација и кои имаат термини за денеска. Сега е почетокот и сè оди добро, верувам дека и во текот на денот ќе биде така.“

Жителите на Тетово и Гостивар ќе бидат вакцинирани токму во овој регионален пункт за вакцинација.

Bashkim Sulejmani

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button