ВЕСТИРЕГИОН

Од Брисел сѐ уште без препорака кон членките како да се постават кон патниците кои примиле руска или кинеска вакцина

Во Грција ќе може да патуваат и оние граѓани кои примиле или ќе се вакцинираат со руската или кинеската вакцина против ковид 19. Грчкото МНР и официјално објави дека од 14 – ти мај освен туристите од странство кои се вакцинирани со вакцини кои се одобрени од Европската агенција за лекови, ќе може да влезат и да престојуваат и лица кои имаат потврда во вид на вакцинален пасош или сертификат дека примиле руска или кинеска вакцина. На туристите пак кои не се вакцинирани, за влез во Грција ќе им треба потврда од ПЦР негативен тест од корона вирусот, не постар од 72 часа.

„Потврда за примена на било каква вакцина ќе биде еден од начините да се влезе во Грција. Алтернативно на тоа е негативен ПЦР тест и тестирање по потреба по случаен избор на граница со брзи антигенски тестови“, рече Венко Филипче министер за здравство.

А, Европската комисија веќе им предложи на земјите членки на Унијата да дозволуваат влез на граѓани кои не се дел од Европската Унија само доколку примиле две дози вакцини против Ковид 19, но под услов тие да се одобрени од Европската агенција за лекови. Засега Европската агенција има одобрено четири вакцини и тоа „Фајзер“, вакцината „АстраЗенека“, потоа „Модерна“ и „Јансен“ на фармацевската компанија Џонсон и Џонсон.

Засега, од Брисел нема препорака кон државите членки да им ја отворат границата и на граѓани кои примиле вакцина Спутник, Синофарм или Синовак, но последен збор сепак имаат самите држави. Европскиот парламент засега одобри регулатива само за патување помеѓу земјите членки на Унијата и официјалниот документ се вика ЕУ Ковид 19 сертификат и тој ќе има важност 12 месеци. Регулативата не с еоднесува за земји кои не се дел од ЕУ. Што се однесува пак до земјите од регионот, граѓаните од Македонија без претходно направен ПЦР тест ќе може да патуваат во Албанија, Црна Гора, Србија и Косово.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button