МАКЕДОНИЈА

Во Тетово се одржа протестен марш поради трагедијата во ковид-болницата

Со засадување на 14 дрвја на плоштадот Илирија во Тетово, денеска се одржа марш на групата навивачи „Балисти“, на кој му се приклучија и други граѓани. Маршот се одржа од улицата Илинден до изгорената модуларна каде беа положени цвеќиња. Во реката Пена беа пуштени и летоци со натписи „Човечкиот живот не е број, тој е вредност“, „Жив сум, затоа протестирам“. Учесниците во маршот побараа одговорност за трагедијата.

„Ова беше мирен марш за да го изразиме нашиот револт за она што се случи во болницата. Дај Боже, ова да биде последно и да не се повтори. Бараме одговорност од сите“, рече Башким Идризи, организатор на маршот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button