ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хисени: На директорката Бојчева ѝ пречи албанскиот јазик

Во Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, излегуваат на виделина несогласувања меѓу заменик-директорот, Блерим Хисени и директорката Пламенка Бојчева. Имено, тој ја обвинува дека не го почитува албанскиот јазик, како и за други прашања во и надвор од агенцијата. Обвинувањата доаѓаат на Меѓународниот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер.

„Веќе подолго време мојата соработка со директорката не е на нивото што треба да биде. Ова се должи на нејзиното однесување што воопшто не е соодветно за институцијата. Мене ми е јасно дека на директорката може да ѝ пречи да се зборува на албански јазик, а за тоа бев сведок во неколку наврати, како што е видеото презентирано на конференцијата каде единствениот говорник Албанец зборува на македонски, иако се согласивме за спротивното. Целиот материјал за овој настан е подготвен само на македонски и англиски, но не и на албански јазик“, рече Блерим Хисени, Агенција за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Хисени во својот говор беше подготвен да ги адресира сите пречки на кои наидувал во секојдневието како што се еднострано одлучување, раководење на институцијата и претворање на истата како лична сопственост на директорката и недостигот на едукација на релевантните институции за важноста од пристапот до јавни информации. Хисени планирал овие критики да ги изнесе на конференцијата организирана од канцеларијата на ЕУ во чест на овој ден, но како што вели, во последен момент бил тргнат од списокот на поканети учесници.

„Ова го сметам за обид да ме цензурира и да спречи поинакво мислење од сите дискутанти. Сметам дека имам најголемо искуство во оваа област. Јас сум убеден сум дека тоа не го направија меѓународните претставници на делегацијата на ЕУ, туку некои вработени консултанти кои се блиски со директорката“, вели Хисени.

Побаравме став и од директорката Бојчева за обвинувањата на Хисени, но досега не добивме одговор.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button