ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Засилени контролите на автобусите низ Македонија?

Министерството за внатрешни работи ги отфрла гласините дека по несреќата е зголемено нивото на контроли во јавниот превоз. Иако во последните 24 часа само во Тетовско 7 возачи се казнети поради технички неправилности на локалните автобуси, односно имале проблеми со кочниците, од полицијата велат дека казните се во рамките на рутинските контроли.

Сепак, од МВР признаваат дека по трагедиите контролите треба да се засилат.

Во последните 12 месеци најмногу казни се изречени во регионот на Тетово, Велес и Штип. Трагедијата во Бугарија не беше прва. Граѓаните пред 2 години беа шокирани од трагичната несреќа на автобусот на Дурмо турс на линијата Скопје-Гостивар каде загинаа 16 патници. Пред неколку месеци во Хрватска автобус на линијата Германија – С. Македонија се преврте, но за среќа, инцидентот заврши без жртви.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button