ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема туби со гориво, не е тероризам, можно е да недостасува еден преживеан – Што утврди досегашната истрага

Човечката грешка се верува дека е причина за несреќата, изјавија во Софија заменик-главниот обвинител и директорот на Националната истражна служба во Бугарија. Бугарските обвинители ги негираат шпекулациите за терористички акт. Како можност за пожар се отфрлени и наводите дека во автобусот имало гориво. Обвинителката Сијка Милева рече дека на местото на несреќата се пронајдени телата на 44 лица, осум преживеале од кои еден се води за исчезнат.

„Во моментов најсигурната трага е онаа дека се работи за човечки фактор, сега се испитуваат условите на делницата каде што се случи несреќата, сигнализацијата и уличното осветлување. Тротоарот на кој удрил возачот на автобусот не само што е непотребен, туку е и опасен. На местото на настанот немаше експлозија, но силната бучава што се слушнала била од  автобусот кој удрил во тротоарот, можеби затоа автобусот се запалил. Верзијата за евентуален терористички акт е соодветно истражена од наша страна. Категорично го отфрламе тоа. Аутопсиите покажуваат дека сите патници починале од задушување од чадот, а не од удар. Тоа значи дека тие биле живи во моментот на пожарот. Последната проценка за причините за несреќата ќе треба да ја даде конечната анализа, но главната верзија во моментов е човечка грешка како причина за несреќата. Имаше информации дека во автобусот се превезувале гориво, бензин и дизел и дека можеби тие биле причина за пожарот. Оваа трага е истражена, но категорично ја отфрламе како неоснована. На местото биле пронајдени три канти во кои имало само остатоци од масло, па не биле ниту наполнети ниту изгорени. Тоа значи дека пожарот не бил предизвикан од гориво“, рече Сарафов.

„За време на сослушувањето, еден од преживеаните рече дека се спасени осум лица а не седум. Во исто време, на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела. Инспекторите ја проверуваат верзијата за да видат дали има уште еден преживеан и каде е тој. Можеби ја напуштил границата со друго возило, друг автобус, што треба да се провери“, рече обвинителката Сијка Милева.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button