МЕТРОПОЛ

Земјата деновиве ќе биде погодена од силна геомагнетна бура

Земјата денеска и во наредните денови ќе биде погодена од силна геомагнетна бура предизвикана од ерупции на површината на Сонцето што се случија претходнио период, соопшти американската Национална океанска и атмосферска администрација (SWPC).

Силата на оваа бура ќе биде Г4, од која само Г5 е посилна, а се очекува да предизвика проблеми со енергетските системи, вселенските летала, сателитите и радиофреквенциите, појаснува SWPC.

SWPC

Ова е прва геомагнетна бура Г4 од 2005 година, а се очекува да почне вечер и да трае до 13 мај.

„Тоа е прилично нестабилна ситуација на Сонцето во моментов што ја следиме многу внимателно“, вели Бил Муртаг, програмски координатор во SWPC.

Геомагнетната бура доаѓа кога сонцето е најактивно во последните две децении, а се очекува да остане така барем до крајот на оваа година.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button