ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Земјоделците се жалат дека работат за трговци како во ерата на робовите

Земјоделците се жалат дека работат за трговци како во ерата на робовите

Започна жетвата на житото. Комбајните беа ставени во функција за жнеење на јачменот.

Во овчеполскиот регион, најплодното поле во земјава, земјоделците се жалат на нискиот принос на пченица и јачмен.

„Според земјоделците кои ја обработувале оваа култура, јачменот годинава има принос од 3 тони во хектар, во споредба со минатата година“, известува Аднан Ќаили, новинар.

Земјоделците се жалат дека државата ги обесхрабрува со недоволно субвенции, и од трговците кои го купуваат по многу ниска цена односно по 16 денари за килограм пченица и јачмен. Овој самовработен земјоделец од светиниколско село засадил околу 50 хектари јачмен и пченица, но тешко ги покрива трошоците. Вели дека работат за трговците како во ерата на робовите и на робовладетелите.
анче Наков, земјоделец

Главните трошоци за сеење се речиси двојно зголемени од пред економската криза. Нафтата пред две години чинеше 48 денари, сега сегашната цена е 110 денари .Со тоа се зголеми и цената на реколтата која изнесуваше 6 илјади денари и сега достигнува 9-10 илјади денари. Исто така, неорганското минерално ѓубриво кое доаѓа главно од Украина минатата година беше 350 евра по тон, сега тешко може да се најде за 1.000 евра / тон.

Трошоците на земјоделците

Нафта 48 денари, сега е 110 денари
Жетвата 6.000 ден / ха сега е 10.000 ден / ха
Неорганското ѓубриво 350 евра / тон, сега е 1.000 евра / тон

Според официјалните податоци на Министерството за земјоделство, годинава низ земјава се засадени 78.572 хектари пченица и 48.504 хектари јачмен. Во однос на минатата година има благ пораст на одгледувањето на овие два вида житни култури. Оваа бројка е далеку од задоволување на потребите на домашниот пазар за брашно. Како резултат на конкуренцијата, плевните на мелниците се полнат со увоз од соседните земји, кои се ослободени од царина, од каде пченицата се откупува за 12 денари за килограм, но, сепак, граѓаните повеќе плаќаат за леб и производи од брашно.

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button