МАКЕДОНИЈА

Агим Селами: Проблемот со одливот на мозоци е сериозен

Претставникот на Граѓанското општество, Агим Селами, во рамките на вечерашната емисија „Патот кон“ на Алсат, го истакна проблемот со одливот на мозоци како многу сериозно прашање. Според него, 10 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години повеќе не се жители на нашата земја. Претворено во бројки, тоа значи дека некаде околу 52 илјади млади повеќе не живеат во Македонија.

„Комплицирано е и прашањето за емпириски податоци во однос на тоа колку луѓе ја напуштиле државата, бидејќи Заводот за статистика излегува со бројки дека заминале околу 300 илјади луѓе, Светска банка вели дека во 2019 година заминале 500 илјади луѓе. Од Европската комисија велат дека таквата бројка е околу 600 илјади луѓе. Така што овој недостаток на доверливи емпириски студии дополнително попречува сериозен пристап до државните институции во однос на спречување на одливот на мозоци… 10 проценти од младите на возраст од 15 до 29 години повеќе не живеат во нашата земја и во конкретни бројки околу 52 илјади млади луѓе веќе не се живеат во северна Македонија, од друга страна бројот на жители над 60 години, споредено со пописот од 2002 година и со пописот од 2022 година бележи голем пораст. Така, во 2002 година луѓето над 60 години биле околу 140 илјади, додека на последниот попис од 2022 година имаме 270 илјади лица постари од 60 години“, рече Селами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button