ЗДРАВСТВО

Зголемен интересот за вакцинација, вчера се аплицирани 14.928 вакцини

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, информираат од Министерството за здравство. Како што се додава во соопштението, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 552.263 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.202 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 граѓани.

Advertisements

Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 63% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 59% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button