ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемена употреба на дрога меѓу младите

Зголемена употреба на дрога меѓу младите

Во Тетово и околината секојдневно се зголемува бројот на корисници на наркотични супстанции, особено кај младите. Ова го потврди засилената акција на тетовската полиција против корисници и дилери на дрога, која само во првите шест месеци од годинава резултираше со над 100 приведени. Од јануари до сега, тетовското обвинителство подготвило 21 барање за поведување прекршочна постапка против вкупно 87 сторители, од кои 61 кривично дело за злоупотреба на наркотични супстанции, поточно марихуана, но и други дроги како хероин, кокаин и екстази. Меѓу уапсените има и 17 дилери.

„За производство и пуштање во промет на наркотични супстанции регистрирани се вкупно 17 кривични дела, па против 16-те сторители во основното јавно обвинителство се поднесени вкупно 16 соодветни тужби. Во овој период, СВР Тетово регистрирани се и три случаи каде се инволвирани 3 малолетни лица“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Но, зошто се случува овој феномен на енормно зголемување на бројот на млади луѓе кои се корисници на дрога? Универзитетскиот професор Башким Селмани, кој пред извесен период направи и студија за кривични дела извршени од млади, поточно рецидив или повторници, вели дека институциите се виновни и мора да преземат мерки против нив да се подобрат, а не да одат во затвор од каде излегуваат како поголеми експерти отколку кога влегуваат.

„Виновни се и институциите кои не водат евиденција за тоа кои се тие поединци и како се однесуваат кон нив, туку напротив, виновни изгледаат самите институции кои не само што не се борат, туку се дистрибутери и ова го кажувам со големо убедување. Ја знаат состојбата на институциите затоа што овие корисници треба да се третираат и да имаат посебен начин на лекување, бидејќи кога се во затвор излегуваат како поголеми специјалисти, отколку кога се лекуваат“, изјави Башким Селмани, универзитетски професор.

Од друга страна, психолозите препорачуваат семејствата, особено родителите, да имаат постојана грижа и контрола каде одат и што прават нивните деца, за да се минимизира влијанието на околината.

„Контролите треба да бидат постојани, а истото да се зголемува што е можно повеќе кај децата. Нормално е дека децата треба да се држат настрана од таблети, телефони и други работи, но не може да се спречат да излегуваат надвор, но сепак треба да се контролираат“, додаде Арта Беадини, психолог.

Инаку, покрај зголемените контроли од страна на полицијата конкретно за корисниците на дроги, Секторот за внатрешни работи ги зголеми и средбите со учениците и предавањата во основните и средните училишта за да се запознаат со овие негативни појави./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button