СПОРТФУДБАЛ

Ждрепка за плеј-оф фазата, за место во осминафиналната рунда

Покрај извлекувањето на осминафиналните парови за Лигата на Шампионите, УЕФА во Нион ќе одржи уште две ждрепки. Секако, станува збор за плеј-оф фазата за место во осминафиналната рунда во Лига Европа и Конференциската лига. Со старт во 13:00 часот се извлекуваат паровите во второто, а во 14:00 часот се влече во третото по ранг европско натпреварување.

Тимови пласирани во осминафиналето на Лига Европа: Вест Хем, Брајтон, Глазгов Ренџерс, Аталанта, Ливерпул, Виљареал, Славија Прага, Баер Леверкузен

Шешири за извлекувањето на плеј-оф рундата во Лига Европа:

Тимови од групите во Лига Европа: Фрајбург, Олимпик Марсеј, Спарта Прага, Спортинг Лисабон, Тулуз, Рен, Рома, Карабах

Тимови кои доаѓаат од Лигата на шампионите: Галатасарај, Бенфика, Милан, Јанг Бојс, Брага, Ленс, Феенорд, Шахтјор

Нокаут рундата ќе се одигра на 16 и 23 февруари, а ден подоцна е закажана ждрепката за осминафиналето.

Динамо Загреб ќе игра во плеј-офот на Конференциската лига за пласман во осминафиналето, досега за „модрите“ настапуваше Стефан Ристовски, а Аријан Адеми не, бидејќи дојде доцна и не беше пријавен. Сепак, сега загрепчани ќе го поправат тоа и нашиот репрезентативец ќе може да помогне.

Тимови пласирани во осминафиналето на Конференциската лига: Лил, Макаби Тел Авив, Викторија Плзен, Бриж, Фиорентина, Астон Вила, ПАОК, Фенербахче

Тимови од групите во Конференциската лига: Ајнтрахт Франкфурт, Ференцварош, Легија, Лудогорец, Слован Братислава, Гент, Динамо Загреб, Бодо/Глимт

Тимови кои доаѓаат од Лига Европа: Бетис, Олимпијакос, Ајакс, Штурм Грац, Унион Сен Жилоа, Макаби Хаифа, Сервет, Молде

Термините за натпреварите и ждрепката за следната фаза во ова натпреварување се исти со тие на Лига Европа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button